Најкрвави 48 часа во Источна Гута: Загинаа најмалку 106 цивили

Сподели со своите пријатели

Најмалку 106 цивили загинаа во вчерашните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Со ова, вкупниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица. Тоа се најкрвавите две деноноќиа по хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе.

Американскиот Стејт департментот соопшти дека е „исклучително вознемирен“ поради случувањата во Источна Гута, а францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека работите во оваа сириска област одат кон „хуманитарна катаклизма“

Генералният секретар на ОН Антонио Гутереш е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на насилството во Источна Гута, соопшти портпаролот на светската организација Стефан Џужарик.

Тој додаде дека Русија, Иран и Турција ја прогласија Источна Гута за зона за деескалација и потсети дека според Гутереш, сите страни треба да ги преземат „своите ангажмани во таа насока“./МИА

Leave a Reply