Најголемиот мачор на светот чека признание од Гинис

Сподели со своите пријатели

Мачорот Омар бил како и сите други мачиња во леглото кога го посвоила неговата сопственичка Стефи Хирст во 2013 година.

Највисокиот брачен пар во светот – заедно имаат 423 сантиметри

Loading...

Сега мачорот е долг 120 см и најверојатно е најголемиот мачор во светот. Омар живее во Мелбурн, Австралија и од неодамна е интернет сензација.

 

 

Стефи вели дека откако објавила фотографии до мачорот на социјалните мрежи, ја контактирале од Гинисовата книга на рекорди и во тек е постапката за утврдување на неговата големина.

Истетовирал 203 ликови од серијата „Симпсонови“ (видео)

Рекордот моментално го држи мачка долга 118 сантиментри од Вејкфилд, Западен Јоркшир.

 

 

Loading...

Мачорот за кратко време станал сензација на социјалните мрежи, го имало во најпознатите австралиски печатени весници и гостувал на националната телевизија.

Ова е човекот со најдолгите стопала во светот (видео)

Стефи вели дека Омар не се радува многу на медиумското внимание и само сака да јаде и да лежи.

 

 

Тој станува во 5 наутро, јаде малку сува храна за мачки за појадок, се излежува низ куќа, дремнува и за вечера јаде неготвено месо од кенгур.

„Му купуваме месо од кенгур од супермаркет, само тоа сака да јаде“, вели Стефи.

Запознајте го најнискиот љубовен пар во светот (видео)

Омар сега тежи 14 килограми и Стефи вели дека дури и нејзините пријатели не верувале дека е толку голем кога ќе го виделе на фотографија.

Сега сите сакаат да доаѓаат на гости за да го видат мачорот.

(kajgana.com)