Најголемиот крузер во светот заплови по Медитеранот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Морска симфонија“, чија изградба траеше цели три години, веќе плови по Медитеранот. На првото патување најголемиот крузер во светот тргна од Барселона.

Сопственикот на пловилото е компанијата „Ројал Карибијан“, а како што пишува CNN, најголемиот крузер во светот е долг повеќе од 362 метри, може да прими 6.680 гости и 2.200 работници на бродот, што е скоро 9.000 луѓе.

ВО 3 МИНУТИ: Вака изгледа изградбата на суперлуксузен крузер (видео)

Loading...

На оваа импозантно пловило сместени се 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини.

 

 

Бродот има 18 палуби, а како што објаснува Болвин Јеунг директорот на „Ројал Карибијан“ во Хонгконг, тоа прави сите присутни да се чувствуваат релаксирано и да не чувствуваат дека бродот е пренатрупан со луѓе.

– Како зграда, зарем не? Постојат 24 лифтови и седум делови. Секој дел има сопствена специфичност и со самото тоа, тренденција природно да ги подели патниците, рекол Јеунг.

Поради страв од пирати, илјадници патници 10 дена крстареле во темница

Меѓу таквите делови на бродот, на пример, е солариум за возрасни или централен парк украсен со 20.000 тропски растенија, или водениот парк.

 

 

Loading...

Овој брод пружа низа возбудливи услуги, меѓу кои лавиринт од кој треба да се излезе, симулации на сурфање, но круната на се е Ултимативен амбис – највисокиот тобоган било кога на некој крузер, а кој се наоѓа на скоро 46 метри над нивото на морето.

Спуштањето од врвот на тобоганот до дното трае 13,14 секунди.

Скок во базен од кој ќе ви се сврти во главата (видео)

На бродот има и музички и танцови уметници кои со своите настапи на присутните им пружаат дополнително уживање.

 

 

Кога се работи за сместување, првото место го носи „Ултимативниот семеен апартман“ на две нивоа, детски дел во различни бои кој содржи тобоган во сова, приватно кино, маса за тенис и ѕид од лего коцки.

Од другата страна, дел за возрасни со дуплекс за осум лица, кој излегува на приватен балкон со џакузи, а доколку гостите побараат добиваат и личен батлер кој ќе води грижа за целото семејство, како и личен фотограф, „главен инстаграмер“, кој ќе се погрижи да имате прекрасни фотографии, пишува CNN.

Оваа година, бродот кој своето прво патување го започна од Барселона, а ќе патува до Палма де Мајорка, италијанска Фиренца, Пиза, Рим и Наполи, веќе на есен ќе плови до Мајами на Флорида, откако ќе го започне крстарењето од Карибите.

Leave a Reply