Најголемиот хотел во светот ќе чини 2,7 милијарди долари и ќе има 10.000 соби (видео)

Сподели со своите пријатели

Најголемито хотел на светот, Абрај Кудиа, ќе се отвори следната година во Мека и ќе се простира на површина од 1,4 милиони квадратни метри.

Овој импозантен хотел ќе има 10.000 соби и 70 ресторани, огромен шопинг центар и раскошна сала.

Изградбата ќе чини 2,7 милијарди долари, а ја финансира Министерството за финансии на Саудиска Арабија.

Хотелот е одалечен два километри од најголемата светска џамија, Масјид ал-Харам, која годишно ја посетуваат околу пет милиони муслимани за време на празниците.

За јавноста нема да биадт отворени пет ката на овој хотел, затоа што тие ќе бидат резервирани за одмор на кралското семејство.

 

Loading...