НАЈГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ Е ПРИ КРАЈ: Излезе трејлерот за последниот дел од „La Casa de Papel“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Објавен е трејлер за вториот дел од последната сезона на планетарно популарната серија „La Casa de Papel“.

Loading...

Фановите со нетрпение го очекуваат вториот дел од петтата сезона, имајќи предвид дека еден од главните ликови, Токио, беше убиен во последната епизода од првиот дел.

На најголемиот грабеж во светот му се ближи крајот“, објавено е на официјалниот профил на најпопуларната серија на сите времиња.

 

 

Трејлерот започнува со впечатлива сцена во која Професорот се појавува пред банката во која се наоѓа неговата банда.

Ветувања, солзи, емотивни реченици и експлозии наизменично се менуваат во текот на минута и пол трејлерот.

Loading...

И додека некои излегуваат со теории за тоа што ќе се случи и едвај чекаат да излезе продолжението, други коментираат дека се многу тажни како што се ближи крајот на популарната серија.

За потсетување, вториот дел од петтата сезона на „La Case de Papel“ ќе излезе на 3 декември.