Најголемата ајкула стара 50 години првпат снимена одблиску (видео)

Сподели со своите пријатели

Нуркачите во близина на мексичкиот остров Гвадалупе, снимиле огромна бела ајкула како кружи околу кафезот во кој нуркачите се спуштиле под морската површина.

Loading...

Се верува дека станува збор за женката од документарецот на Дисковери, а нуркачите и дале име ”Длабоко синило”. Таа е стара накај 50 години, долга е шест метри, и досега наводно никогаш не била фатена со камери.

Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го постави нуркачот Маурицио Хојос Падиља, каде што се гледа како големата бела ајкула кружи околу неговите колеги, речиси незаинтересирана.

Еден од нуркачите, пливајќи кон врвот на кафезот, испружи рака за да ја допре големата водна ѕверка.

Снимката досега на Фејсбук е прегледана повеќе од 1,7 милиони пати.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.