Најголем проблем не е водата, туку Русите кои гранатираат, велат спасувачите во Украина

Сподели со своите пријатели

Спасувачите кои работат на украинската страна на реката Днепар известуваат дека работат под оган.

Loading...

„Најголемиот проблем во моментов не е водата, туку Русите од другата страна на реката кои нѐ гранатираат“, рече Ендрју Негрич, кој ги координира спасувачките напори за американската хуманитарна организација Глобална мисија за зајакнување.

Доцна синоќа, да потсетиме, новинарите на Ројтерс слушнаа четири артилериски пукања во близина на станбената зона од која беа евакуирани цивили поради поплавите предизвикани од уривањето на браната Нова Каховка.

Прорускиот градоначалник на блискиот град Нова Каховка, кој е под руска окупација, изјави дека по уништувањето на браната исчезнале најмалку седум лица, пренесува руската режимска агенција Тас.

Засега не се пријавени жртви поврзани со поплавите, но советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека поплавите „веројатно предизвикале многу жртви“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.