Најдобро облечените жени никогаш не го носат ова

Сподели со своите пријатели

Кога велиме елеганција и префинетост, првата асосцијација, секако се Французинките. Нивниот феноменален стил почива претежно на едноставноста и практичноста, но за добар изглед важно е и што ќе одбиете да носите. Следните пет работи нема никогаш да ги видите кај Французинка.

Loading...

Пуш-ап

За нив и малите гради се сензуални и преубави, па носат класични модели на градници или воопшто не носат. Французинките не гледаат никаква убавина во масивни вештачки корпи.

Превисоки потпетици

Французинка никогаш нема да видите во обувки со превисока потпетица во која не може нормално да оди. За дневните варијанти попрво би избрале мокасини и обукви со рамна пета, додека во вечерните прилики се одлучуваат за класични салонки.

Истакнати брендови

Претерувањето во било што не е на ниту една од нивните листи, освен она за избегнување, па така нема да видите дама од Франција во парчиња со кои „вреска“ името на брендот. Тоа го сметаат за невкусно.

Хулахопки со боја на кожа

Loading...

Илузијата за голи нозе за Французинките е несфатлива и непосакувана.

Спортски стил во свечени прилики

Трендот за носење тренерки и штикли и патика на елегентен фустан ги оставаат на другите. Спортската облека ја носат во теретана, а фустанот ја комбинираат со дамски обукви.

Leave a Reply