Најдобар македонски тренер за 2015 година е предводникот на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Македонската кошаркарска федерација традиционално и годинава им додели признанија на најдобрите поединци и екипи во мак баскетот. На свечена церемонија во хотелот Александар Палас во присуство на спортисти, спортски работници и многу гости куќата на кошарката ги награди најдобрите во 13 категории.

558777D524C73A45934A1605ABD3B006

Loading...

За изборот на најдобрите во Мак – баскетот годинава со својот глас одлучуваа новинарите, претставаниците на сениорксите екипи и спортските работници.

Признанието најдобара кошарка за 2015 година го доби еден нашиот интернационалец, капитенот на црвено жотлите Војдан Стојановски.

Најдобар македонски тренер за 2015 година е предводникот на вицешампионот Куманово, Страшо Тодоровиќ, додека очекувано признанието најдобар тренер во женска конкуренција му припадна на стратегот на носителот на двете титули Бадел 1862, Перо Стамески.

Најдобрите тренери во младинска конкуренција во Македонија за 2015 се Влатко Мирковски од МЗТ Скопје Аеродром (машка конкуренција) и Срѓан Дамњановски од Јуниор. (женска конкуренција).

Двете најдобри екипи во сениорска конкуренција за 2015 година се македонските шампиони, МЗТ Скопје Аеродром кај мажите и Бадел 1862 во женска конкуренција.

Награди имаше и најдобрите во младинска конкуренција. Најдобар млад кошаркар на Македонија за 2015 година е репрезентативниот центар на МЗТ Скопје Љубомир Младеновски, а најдобрата млада кошаркарка е Ана Марија Шеќероска од Струга 2009.

Извор:МКФ