Најбезбедните дестинации на новата „Корона мапа”

Сподели со своите пријатели

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ)  ја објавиле најважната карта на коронавирус во Европската унија.

Loading...

Според оваа карта, членките на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата што таа земја ја има на оваа карта.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население.

На најновата карта, Хрватска се уште е во црвената зона, а Загреб во темно црвено. Словенија исто така е во темноцрвена зона.

Грција е во црвено -портокаловата зона, а еден регион е во темноцрвената зона.За Македонија нема вклучено податоци на оваа карта.

Во остатокот од Европа, ситуацијата е многу подобра, особено во земјите што беа во темноцрвената зона во текот на летото.

Сигурна дестинација е Франција, која е речиси целосно зелена, а ниту Португалија ниту Италија немаат црвени региони.

Шпанија е исто така претежно зелена, освен еден регион што е во црвената зона. Чешка е во портокалова зона, додека Германија е црвена.

Loading...