Најава за нови забрани за употреба на пластиката во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Одборот за заштита на животната средина на Европскиот парламент ја проширил листата на забранети производи од пластика за еднократна употреба.

Додека предлогот на Европската комисија бара забрана за девет пластични производи за еднократна употреба во 2021. година, членвоите на Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храна, оваа листа ја прошириле.

„Море пластика“ во океаните е кршење на меѓународните конвенции

Loading...

Според предлогот на Комисијата, на списокот би требало да се најдат пластични чинии, вилушки, ножеви, лажици, цевчиња, стпачиња за општа употреба, како и стапчиња за чистење уши, стапчиња за пијалаци и за балони.

Европските пратеници во Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храна, ја прошириле оваа листа на 10 октомври и на неа ставиле тенки пластични кеси, производи кои содржат биоразградлива пластика и  амбалажи за брза храна.

Извештајот кој го поднел белгискиот пратеник Фредерик Рис, исто така се залага за намалување на амбалажата за еднократна употреба за хамбургери, седнвичи, овошје и зеленчук, десерти и сладолед на „амбициозен и одржлив начин“ до 2025. година.

Дополнително се бара пластичните шишиња да бидат посебно собирани и од нив 90 отсто да се рециклираат до 2025. година.

Станува збор и за помали отпушоци од цигари. Ова е веќе посебно влијание во Франција која е подложна на специфични мерки.

НЕМА ПОВЕЌЕ ПЛАСТИКА: Во оваа земја може да лежите затвор поради кеса

Одборот исто така повикува во филтрите за цигари за 50 отсто да се намали составот на пластика до 2025. година и 80 отсто до 2030. година.

Овој одбор дополнително бара тутунската индустрија да ги покрие трошоците за собирање, транспорт и уништување на отпушоци.

Leave a Reply