Нафтените деривати од полноќ по нови цени

Сподели со своите пријатели

Од полноќ нафтените деривати ќе се продаваат по нови малопродажни цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и ќе изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,266 ден/кг.

Leave a Reply