Надворешниот изглед не може да ти ја прикрие внатрешната несреденост

Сподели со своите пријатели

Овие две убавини се многу тесно поврзани, но можат да постојат и засебно една без друга. Факт e дека живееме во распаѓање на вистинскиот божји дух во човекот, а владеењето на оној мангупски, лажен, доведува и до надвладување на некои норми во развојот или негување на овие две убавини. Самиот внатрешен недостаток на денешниот „модерен човек“ по автоматизам има стравотна и неизмерна потреба тоа да го надомести со физичкиот изглед. Па земете за пример кога ќе сретнеме некоја природна девојка без грам шминка, со искрен поглед, искрен сјај во очите, таа плени и топли со нејзината појава, таа има природен шарм, без разлика со какви намери е. Да повлечеме паралела сега – земете за пример некоја девојка што „претерува’’ со шминката, т. е. се шминка според нејзиниот „критериум“, неколку милиметарски слој шминка! Наметнато од западот, којшто скоро и да нема грам срце и душа. Каде е нејзината природна убавина? Ја катаболизира, ја дестабилизира, ја убива! Зошто? Бидејќи ѝ недостига сигурност, ѝ недостига важност, ѝ недостига внатрешен мир, оној мир сочинет од многу љубов. И кога ќе излезе во ноќен клуб, се задоволува со погледите на машките во неа, и оние кои се додворуваат и го хранат егото на неколку часа, и што потоа? Кога ќе отиде дома, кога егото ќе е презаситено, во душата и срцето пак ќе ѝ недостига нешто! Ние сме деца на љубовта, и ако не ја негуваме љубовта, секогаш ќе сме празни и нецелосни! Запомни!

Со недостиг на сето ова, во душата боли, колку и да спие во тебе душата, таа сепак боли кога не се негува. Душата има сопствена интелигенција и така праќа сигнал и пулсација преку свеста да ни покаже што ни недостига. И кога знаеме дека ни недостига нешто, и не посегнуваме по потребата да ја задоволиме душата и срцето, нашето постоење како човечки битија, тогаш душата бара нов правец, нов канал, нов „медиум“ за да се искаже, кога ќе увиди дека ние не реагираме свесно на нашите вистински потреби и не ја негуваме со вистински вредности. Средината во којашто живееме е таква, имаме сè помалку истомисленици, па мора да се социјализираме и со оние површни – талкачи – инаку си мислиме дека ќе сме отфрлени од сите и нема да сме сакани – и тоа е грешката на младиот човек. Вистинските луѓе те сакаат, лажните, ако не си како нив – те отфрлаат – ти одбери – дали ќе си свој или роб на површниот систем. Ако се чувствуваш дека си редок – посебен – и дека таквата средина те гуши – не ти е место таму! И не плаши се – секогаш ќе ги најдеш истомислениците – а реткото чувство што го бараш, во пријателство или љубовта – не може да биде таму надвор во таква површна маса на луѓе.

Кога нема свесно да направиме според потребите на нашето срце, душата ѝ праќа сигнал на потсвеста и тражи еден вид „спас“, дури и површен и краткотраен. Празната душа е како риба на песок, секоја капка ѝ е добредојдена. Така и во овој случај, душата бара комплименти и внимание во секаква околина, но бидејќи нејзиниот недостиг е многу поголем од тоа што може да понуди површната околина и избрзаните нечовечки нагони што владеат, душата повторно се повлекува, оти се излажала дека ќе најде вистински, долгорочен спас. Но, не е така и со егото, во тој момент егото наоѓа задоволство и се одвојува од комплементарноста на душата и уште некои фактори и останува во потсвеста бидејќи оттаму има совршена контрола врз свеста, врз површните нагони и брзи времиња. А каде што егото ќе ја отруе свеста, човекот веќе не е свесен дека греши, ниту пак ќе прими критика. Егото тогаш е цар, а човекот роб! А во затворот што ќе те послужат тоа ќе голташ! Утеха ти е дека не си слободен, а мислиш дека си. Те боли ли душата кога во ноќта осамена си? Кога душата ќе види дека егото ја издава, таа ќе се повлече во најдлабоките предели на човеково постоење, ќе се сокрие во телото, под желудникот, длабоко во срцето и оттаму ќе чека да дојде некој и да ја спаси… Јас не велам да не се шминкаат женските, но нека не тражат љубов и да се лажат себеси дека ќе ја најдат преку шминката во ноќните барови, каде што 90% одат да се забавуваат, да најдат плен, да го искористат и утредента да го заборават, дури и името да не ѝ го запомнат. Зарем не ве јаде совеста, зарем не ви гребе нешто внатре во телото кога ќе погледнете во домот како е тешко и мачно? Да трошите илјадници денари на шминки, а вашите мајки и татковци работат за просечна плата од 12.000денари? Погледнете во иднината, можеби тоа и вас ве чека, па одлучете сами дали постапувате добро. Зарем не ве боли душата за вашите родители без кои вие не би постоеле сега? Просечното шминкање трае триесетина минути, а замислите секој човек, не само женскиот род, да поработи на себе триесетина минути секој ден, да се слушне себеси, да медитира, да вежба јога, во кој правец ќе се развива интелектуалното и емотивното тело кај човекот? Вистинските вредности ќе се вратат со брзина на светлината. Самата средина, самото општество ќе добие на квалитет. Луѓето ќе имаат помирен, посреќен живот исполнет со повеќе љубов и вистински вредности. Муабетов ми е дека колку и да имаш шминка, сепак не можеш да ја прикриеш внатрешната растроеност и немирот. Душата ти мириса на нечисто, срцето ти пулсира во неспокој колку и да ти е скап парфемот и облеката. Таа лажна самоувереност што ја поседуваат луѓето каде што се однесуваат супериорно во околината, е маска на нивната инфериорна страна, тоа е индиректно манифестирање на недостатокот што го носат. Човек полн со љубов во себе никогаш нема потреба да се експонира во очигледните секојдневни случувања. Со текстот јас не судам, луѓето веќе доволно си пресудија на самите себе, во своето дегенерирање на душата, чувствата и вистинските вредности. Јас само сакам да посочам каде лежи проблемот и ова го пишувам не за да омаловажувам некого, туку да му посочам, да му дадам на вредност на оној што ќе се пронајде и да го потсетам дека секој поседува природна убавина, особено женските кои се олицетворение на божјата убавина сместени во женско тело и нивните преубави природни лица.

Пишува: Филип Петровски

Loading...

Leave a Reply