Надлежните им предложиле да намалат со сексот поради топлото време

Сподели со своите пријатели

Здравствените работници на еден колумбиски град донеле несекојдневна препорака за да им објаснат на своите граѓани како во текот на пеколното време да останат живи и здрави – ги замолиле да го баталат сексот.

Како што јавува ABC News, надлежните во градот Санта Марта се мета на потсмев од локалната заедница кога нивниот шеф Хулио Салас ја предложил оваа мерка.

Салас имено, им предложил да не практикуваат секс во текот на денот, кога температурите често надминуваат 40 степени, туку да се сексаат ноќе, но и редовно да се хидрираат и да носат лесна облека.

Неговиот предлог наишол на многу потсмев, но и неверување.

Не е познато дали жителите на град го послушале.

Leave a Reply