Над 80 загинати во невремето во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 85 лица загинаа, а скоро два милиони биле присилени да ги напуштат домовите по рекордните дождови на југозападот од Јапонија, кои предизвикаа поплави и свлечишта.

Валстите соопштија дека шест лица се во критична состојба, а дека 58 се водат за исчезнати, јавува јапонската телевизија NHK.

– Рекордните дождови во различните делови на земјата предизвијаа излевање на реките и поплави и свлечишта од голем размер во неколку области, изјави денеска секретарот во јапонската влада Јошихиде Суга.

Уништени или оштетени се стотици куќи. Погодени се осум префектури, вклучувајќи ги и Кјото и Хирошима, пренесува CNN.

Системот за предупредување е на највисокот ниво во бројни подрачја во Западна Јапонија.

Спасувачите потрагата ја проширија, а наредена е евакуација на 5,9 милиони луѓе во 19 окрузи од централна до југозападна Јапонија, додека 30.000 се наоѓаат во прифатните центри, пренесува агенцијата Кјодо.

Невремето кое ја погоди Јапонија е најлошо од 1976. година.

Leave a Reply