Над 60 милиони Кинези патат од пореметување на сонот

Сподели со своите пријатели

Помеѓу 50 и 60 милиони Кинези патат од пореметување на сонот, а најчестите причини се притисокот на работа и користењето мобилен телефон или компјутер пред спиење.

„Белата книга“ која зборува за тој феномен, наведува дека 56 отсто од анкетираните Кинези сметаат дека имаат проблем со спиење, а некои од опишаните симптоми вклучуваат тешни сништа, поспаност и замор по утринското станување.

Младите најмногу патат од недостаток на сон, особено оние кои живеат во најголемите градови. Во Пекинг најмалку се спие, и тоа помалку од седум часа дневно во проск.

Околу 70 отсто од анкетираните веруваат дека стресот и работата влијаат на нивниот сон.

Лицата кои работат во финансиски и услужни сектори, како и владини агенции најмногу патат од лош квалитет на сонот.

Скоро 90 отсто од корисниците на интернет имаат навика да користат андроид уреди пред спиење. Експертите тврдат дека осветлените екрани, како оние на мобилните телефони и компјутери, можат да доведат до зголемена будност, што влиаје на сонот, наведуваат кинеските медиуми.

Leave a Reply