Над 35 патници повредени на Хаваи поради турбуленции во авион

Сподели со своите пријатели

Најмалку 36 лица се повредени, од кои 11 потешко, кога авионот на компанијата „Хаваи ерлајнс“ доживеал силни турбуленции.

Loading...

Како што јавува Би-Би-Си, турбуленциите настанале непосредно пред слетувањето на авионот со 278 патници и десет членови на екипажот.

Дваесет лица се пренесени во локалните болници поради исеченици, модринки и губење на свеста поради повреди на главата.

Во пределот каде авионот налетал на турбуленциите во тој момент имало грмежи. Тие на крајот успешно слетаа на меѓународниот аеродром во Хонолулу.

„На аеродромот им беше укажана помош на неколку патници и членови на екипажот, додека други беа пренесени во локалните болници за понатамошна нега“, се вели во соопштението на „Хаваи ерлајнс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Седумнаесет патници и тројца членови на екипажот завршија во болница, меѓу кои и едно 14-месечно дете и еден тинејџер.