Над 30.000 посетители лани имала кумановската библиотека

Сподели со своите пријатели

Кумановската библиотека во текот на 2020 година имала вкупно 31.531 посетители и покрај фактот дека долг период не работеше со одлука на Владата поради заштита од ширење на коронавирусот.

Loading...

Ова меѓу другото го покажа годишниот извештај на Библиотека „Тане Георгиевски“ на денешната седница на Советот на Општина Куманово.

Оваа јавна установа моментално има над пет илјади членови, од кои три илјади новозапишани.

Според опозицијата оваа бројка е мала, ако се земе предвид дека во градот има 15.000 ученици.

– 3.283 члена во 2020 година. Ако во Куманово има околу 15.000 ученици, а да имаме само 3.200 членови тоа е само околу 20 отсто, а уште повеќе што тука влегуваат и студенти и возрасните членови и пензионери, значи помалку од 20% од учениците се членови на библиотеката, рече советникот Драган Петковски.

 

 

Loading...

Според директорката Христина Алексовска, не се согласува дека бројката е мала.

– Во врска со бројот на членови разликата се однесува на бројот кога се зачленуваат имаме членови од предучилишна возраст, ученици од второ одделение кои не плаќаат и ги водиме во евиденција и затоа е голема разлика во бројката. Сорабутваме со учениците тие читаат, но таа бројка е релативна, во овој случај имаме соработка со сите училишта, носиме понуди до сите училишта така да имаме голем број членови не знам зошто оваа бројка е мала според вас, во тој контекст мислам дека не наоѓаме заедничка солуција во ова, рече Алексовска.

На дневен ред се наоѓа и точка за нови вработувања, чие изгласување ќе продолжи по паузата од половина час на која заминаа советниците.

Никола Ивановски

Leave a Reply