Над 3.000 кумановки во работен однос на почетокот на шеесеттите

Сподели со своите пријатели

Кон почетокот на шеесеттите години одминатиот век забележано било поголемо вклучување на жената во сите области од општествено-политичкиот живот. Тоа го потврдувале и голем број показатели – повеќе од 3.000 жени од Куманово и општината биле во работен однос, а 350 жени биле избрани во раководстватана разни општествено-политички организации и самоуправни тела.

Тоа најдобро го илустрирало брзиот напредот на вклучувањто на жената како активен фактор во одредувањето на политиката на стопанските оганизации, општествено-политичките организации, органите на власта и самоуправните органи. Тоа најдобро ја илусрирало се поголемата можност на жените да се изборат за решавање на најважните проблеми  што стоеле не само пред жената работничка и службеничка, туку и за сите проблеми што стоеле пред жената како мајка и домаќинка.

Во подоцнежниот период исто така бил ставен акцент на стручното оспособување на жената за да може полесно да се вклучи во стопанството.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 12 (вторник, 1 мај 1962. година)

Leave a Reply