Над 20 графити на денешниот „Графити фест“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и еден графит ќе ги красат ѕидовите на училиштата „Крсте Мисрков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово, по денешната реализација на проектот „Еко графити фест“.

Loading...

Освен цртањето графити, денешниот фестивал е збогатен и со натпревари во кошарка и забава со ди-џеј. Екипа од Црвен крст Куманово ја промовираше екипата на хумани вредности.

– Конкурсот беше отворен за сите кои умеат своите уметнички дела да ги пресликаат со спреј на ѕид, специфична техника секако, имаше пријавено 40 пријави за цртежи, меѓутоа 21 одбравме со условите кои ги предвидовме за цртање и можноста да се реализира во еден ден. За поздрав е што има цртачи од повеќе култури, македонска, албанска, српска, бугарска култура, доаѓаат од повеќе градови од Македонија, Србија, Бугарија, така да од локален, сега му дадовме интернационален карактер на фестивалот, изјави наставникот Југослав Спасиќ.

Проектот е поддржан преку конкурсот Слободни и општествено ангажирани уметници преку фондацијата Отворено општество.

– Проектите треба да промовираат кохезија, демократско општество и слободно изразување на младите кои ќе го почитуваат и уживаат во овој простор и уште подобро е што е центар на градот и се наоѓа на формални институции како училишта и народен театар.

Како што изјави директорот Алексанадр Јовановиќ, со години наназад ѕидовите беа исчкртани со навредливи и политички наслови, па идејата е да се прекријат со убави цртежи кои ќе му дадат нов лик на училишниот простор.

Loading...

– Денеска покрај графити фести имаме и хуманитарна акција, бидејќи знаеме дека пред два дена имаше два опожарени станови, една куќа, таа на улицата „Гоце Делчев“ е на ученичка од нашето училиште и да им излеземе во пресрет, вчера се заложивме сите наставници дадовме парични средства, го сместивме семејството во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ и еве апел до граѓаните кои можат да помогнат на семејството, рече директорот.

Свој настап на овој културен настан има и Кошаркарскиот клуб Куманово.

Leave a Reply