Над 2.000 нови случаи на коронавирус во Израел

Сподели со своите пријатели

Бројот на нови случаи на коронавирус во Израел продолжува значително да расте, а Министерството за здравство денес објави 2112 нови случаи, најголем број од средината на март.

Loading...

Според израелската телевизија, приближно секој 10-ти нов случај е лице кое се вратило од странство, пренесува германската агенција Дпа.

Бројот на пациенти заразени со корона вирус со потешка клиничка слика се зголеми на 138, во споредба со 61 во понеделникот пред една недела.

Според официјалните податоци, повеќето од новите случаи се поврзани со делта сојот на вирусот, додека меѓу новите случаи има многу помлади луѓе, но и такви кои се целосно вакцинирани.

Повеќе од 57 проценти од Израелците се целосно вакцинирани.

Израелската кампања за вакцинација беше многу успешна, особено на самиот почеток.

Според премиерот Нафтали Бенет, сè уште има повеќе од еден милион Израелци кои би можеле да се вакцинираат, но кои не го направиле тоа.

Leave a Reply