Над 18.500 граѓани влегле преку ГП Табановце од вчера од полноќ

Сподели со своите пријатели

Над 18.500 граѓани влегле на граничниот премин Табановце, над 8.500 излегле од вчера од полноќ, до денеска до 10 часот, информираа денеска од МВР. И претпладнево има ферквенција на преминот.

Loading...

-Најголема фреквенција имало вчера во попладневните часови и во текот на ноќта, а сите ленти на ГП Табановце се подготвени и работат на проток на патници, додека времето на чекање е околу 15-20 минути, соопштија од МВР.

 

 

Според податоците на МВР во периодот од 00:00 часот на 23-декември до 10:00 часот денеска на ГП Табановце во земјава влез оствариле 13.007 домашни и 5.544 странски државјани или вкупно 18.551 патник. Излез оствариле 4.259 домашни и 4.421 странски државјанин или вкупно 8.680 патници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 800 евра, му дале лажен дијамант

-Тоа би значело дека 17.266 домашни и 9.965 странски државјани поминале на ГП Табановце за влез и излез од државата, односно вкупната бројка на патници е 27.231, велат од МВР.

Минатиот викенд почна зголемената фреквенција на влез на патници, пред сѐ македонски државјани кои заради празниците се враќаат во земјава.

Loading...

МИА