Над 1.500 крвни единици собрани во Куманово првите шест месеци од годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.527 крвни единици дарувале кумановци, во првата половина од годината, во 24 крводарителски акции, кои ги организираше Црвениот Крст, информираа денеска надлежните од организацијата

Оваа бројка на крводарувања е зголемена во однос на истиот период од лани за 114 крвни единици

Задоволни сме од бројот крводарувањата во првата половина од годинава, особено ако се спореди со периодот дод претходните пет – шест години кога бројот на собрани единици се движеше во првата половина околу 1000 крви единици, изјави Ива Младеновска, стручен соработник за крводарителство, прва помош и здравствена превентивна дејност од општинската организација на Црвениот Крст

Првата половина од годинава благ пораст на бројот на крводарувања се забележува меѓу граѓански организации и приватни компании кои почнаа да организираат акции

На одделението за трансфузиона медицина во Куманово при општата болница според информациите на кумановскиот Црвен Крст, најчесто крв даруваат редовните крводарители

Граѓаните се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што според Младеновска се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите

До крајот на годинава планирано е да се одржат уште дваесетина акции, а во текот на летниот период ќе бидат организирани и две вонредни акции во јули и август

Меѓу редовните крводарителски акции планирано е да се одржат акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании.

Leave a Reply