Над 1.000 активни случаи во Куманово, половина од нив само од изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (29.03 – 04.04) се бележи зголемување на бројот на новозаболени, но и починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Loading...

Вкупно 503 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 425 нови случаи.

Раст бележи и бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 15 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 11 починати лица.

 

 

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во среда, вкупно 116 лица, а најцрни денови од изминатата недела според бројот на починати се понеделник и петок, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале по тројца пациенти.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 5.843 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Loading...

Вкупно 249 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 7.170 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.

 

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 1.078 случаи. Пред Куманово во однос на активни случаи се само Скопје и Прилеп.

Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 16то место, а претходат и многу помали општини како Богданци, Кочани, Делчево, Ресен, Свети Николе, Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Штип, Демир Капија, Неготино, Скопје и Кавадарци.

Куманово има 5.01% заразено население, додека тој процент во Квадарци кој е рекордер е дури 10,72 отсто.

Loading...

 

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 134.843 случаи, од кои во моментот се активни 21.630 лица. Излекувани се 109.297, а починати 3.940 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 81,06%, а на смртните случаи 2,92%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply