На ЖРК Куманово им нема рамни, впишана уште една победа

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впиша ауште една победа во домашниот женски шампионат, откако вчера на гостински терен со резултат 22:29 го совладаа тимот на Пелистер.

Loading...

Одлично отворање на мечот имаа кумановки и уште од самиот старт го диктираа темпото на игра. Секогаш во резултатска предност пред домаќинот, ракометарките на Куманово го завршија и првиот дел од средбата со предност од четири голови, односно на полувреме се замина со резултат 11:15.

Вториот дел од средбата кумановки го одиграа рутински притоа бројот на реализирани погодоци беше скоро ист како и во првиот дел од средбата, односно кумановки имаа 14 голови, а ракометарките на Пелистер 11.

Девет голови на овој меч за Куманвоо постигна Сара Цветановска со што таа беше најдобра во составот. Зад неа со пет погодоци е Пена Граматова, а еден помалку забележа Тамара Боризовска.

Кај домаќинот со седум голови најефикасна беше Марија Јанкуловска.

Со оваа победа кумановки бележат скор 9 од 9 и цврсто прво место во таблета, што ги потврдува заложбите на управата и оваа сезона Куманово да ја освои двојната круна во женскиот ракомет.

Никола Ивановски / фото: архива