Борците за заштита на животните забележале чудна појава кај кучињата во индустрискит еделови на Мумбаи – масовно станувале сини.
ВО индустриската зона во Мумбаи има стотина хемиски фабрики, а активистите предупредуваат дека една од нив испуштала боја во блиската рика Касади, пишува ВВС.
Загрозената зона е затворена за луѓе, но кучињата масовно залутаат таму во потрага по храна и разладување во водата.
Откако ќе влезат во загадената река, влакното од куче поприма сина боја поради испуштените хемикалии.
Локалната комисија за заштита на животната средина изјавила дека го истражува случајот и дека ќе бидат поднесени кривични пријави против загадувачот.
Loading...