На Табановце приведено лице барано за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен жител на скопското село Чифлик вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако се барал за издржување затворска казна.

Loading...

– На 26.05.2022 во 11.20 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(37) од с.Чифлик, скопско, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција во „Стоп листа“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка за издржување казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски