На Табановце останаа 202 бегалци, од кои седум економски мигранти

Сподели со своите пријатели

Вкупно 202 бегалци од Блискиот исток и натаму се заглавени во Транзитниот центар Табановце, откако земјите од Европската Унија ги спуштија рампите за сите бегалци.

Од преостанатиот дел бегалци седуммина се економски мигранти, од кои по еден одд Алжир и Мароко и пет лица од Пакистан.

Во текот на вчерашниот ден во Транзитниот центар бил забележан и државјанин на Сирија кој во Република Македонија влегол илегално, а пред една недела се обидел да запали еден од шаторите на Табановце. Полицијата му забранила пристап кон центарот, но вчера бил повторно забележан, стои во извештајот доставен до Регионалниот центар за управување со кризи.

Бегалците се пожалиле на односот од вработените на Црвен Крст и неетички пристап кон нив, а проблем им претставувал и недостаток на основни потребштини, како што се панталони, маици со кратки ракави и обувки за деца.

Нетрпеливоста на оние кои се на ничија земја и се уште се надеваат дека ќе успејат да ја преминат границата е се поголема. Така пред неколку дена дошло до земејно насилство, кога маж и удрил шлаканица на својата сопруга, иако таа го негирала тоа и покрај фактот дека сите други го виделе.

Само за потсетување, пред околу 2 месеци во Транзитниот центар Табановце престојуваа над илјада бегалци што беше значителен проблем поради капацитеите на кампот.

 

Loading...