На секои четири недели ново ажурирање на Google Chrome

Сподели со своите пријатели

Google Chrome обично добива нови одлични функции на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или ажурирање на брзината.

Loading...

Тоа ќе се смени во наредниот период, а Google најави планови за забрзување на процесот, па затоа ќе објавува нови надградби на секои четири недели.

Почнувајќи со верзијата Chrome 94 во третиот квартал од оваа година, Google ќе преземе уште поагресивен пристап кон објавување на нови функции.

Ова ќе значи дека корисниците можат да очекуваат нивното искуство со пребарување на интернет да остане свежо и постојано да се подобрува.

Покрај тоа што се фокусира на објавување на големи надградби на секои четири недели, Google исто така истакнува дека помалите ажурирања, со фокус на безбедноста, ќе излегуваат на секои две недели.

Google исто така ќе понуди неколку стабилни ажурирања за Chrome OS, но ќе ги објави плановите за ова подоцна.

Пред да се имплементира овој новитет, Google ќе продолжи да се држи до моменталниот циклус на објавување на ажурирања на секои шест недели, заклучувајќи со верзијата Chrome 93 што се очекува кон крајот на август.

После тоа, можевме да го видиме Chrome 94 на 21 август.

Loading...

Гугл истакнува дека планот на компанијата да објавува ажурирања на секои четири недели може да се промени во следните неколку месеци. Но, ако сè оди добро, корисниците можат да очекуваат подобри надградби во иднина.

Leave a Reply