На референдум, Швајцарците одлучуваат дали сакаат да продолжат да плаќаат во кеш

Сподели со своите пријатели

Швајцарците на референдум ќе одлучат дали сакаат да продолжат да плаќаат во готово, објави здружението Движење за слободна Швајцарија.

Loading...

Здружението сака швајцарскиот закон за валути, кој регулира како Централната банка и Владата управуваат со парите, да додаде одредба дека секогаш мора да има „доволна количина“ на банкноти и монети во оптек.

Во соопштението се наведува дека се собрани над 111.000 потписи на граѓани кои го поддржуваат референдумот за ова прашање, десет илјади повеќе од пропишаниот минимум.

Според швајцарскиот систем на директна демократија, доколку ја добие поддршката од гласачите, предлогот на здружението ќе стане закон, а Владата и Парламентот треба официјално да го потврдат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Јасно е дека отфрлањето на готовина не само што покренува прашања за транспарентност, едноставност или безбедност, туку носи и голема опасност од тоталитарен надзор, изјави претседателот на Движењето за слободна Швајцарија, Ричард Келер.

Според него, Швајцарија треба да ја преземе главната улога во одбраната на готовината во Европа, бидејќи инсистирањето на такви гаранции во ЕУ би вклучило „речиси невозможен“ процес за добивање дозволи од сите 27 членки.

Трендот на безготовинско плаќање беше силно забрзан за време на пандемијата на Ковид, но тој е присутен од 2017 година, кога истражувањето на агенцијата Ипсос покажа дека третина од Европејците и Американците не би пропуштиле готовина и дека 20 отсто од нив повеќе не ги користат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!