На пунктот во Куманово досега вакцинирани 27.000 граѓани

Сподели со своите пријатели

Непречено се спроведува вакцинацијата во вакциналниот пункт во училишната спортска сала „Перо Наков“ во Куманово, информираа денеска надлежните од Здравствен дом Куманово. Од почетокот на вакцинацијата, досега во пунктот вакцинирани со една доза се над 27.000 граѓани, а со две дози 24.000 граѓани од шесте општини од североисточниот регион. Теренската вакцинација е завршена и опфатила 1.306 граѓани.

Loading...

– Вакцинираме и во затворот К’шање. Што се однесува до претходно јавување за вакцинација во домашни услови, граѓаните можат да се јават на бројот на Здравствен дом Куманово, 075/ 239-148 и закажувањето е од 8 до 13 часот. Сепак, да нагласам дека кај нас вакцинирање во домашни услови беше достапно од поодамна, блиските на стари и немоќни лица се јавуваа и закажуваа вакцинација, по што наши екипи ги вакцинираа, изјави координаторот на вакцинален пункт, Валдрим Мифтари.

Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата, ќе мора да закажат термин на „вакцинација.мк“, појаснија од Здравствен дом.

– Би апелирала уште еднаш до лицата кои користат редовна терапија, да си ја примаат пропишаната терапија и кога ќе се вакцинираат. Во овие жешки денови, важно е да се внесува и доволно течност, советува д-р Монализа Мемети од Здравствен Дом.

Деновиве за вакцинација во пунктот се пријавиле и работници од повеќе сектори и дејности од приватни компании, меѓу нив и работнички од чевларската индустрија.

МИА

Leave a Reply