На продажба син дијамант вреден 55 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Овој благороден камен од 12,03 карати, доби сертификат од Американскиот гемолошки институт како „светло син“ дијамант, што е најретка и најтражена нијанса меѓу сините дијаманти.

Loading...

„Blue Moon diamond“, синиот дијамант на 11 ноеври ќе биде понуден на аукција во Женева, а се проценува на вредност од 35 до 55 милиони долари, што претставува рекорд за оваа парче накит.

Како пренесуваат медиумите, се работи за најголемиот син дијамант кој некогаш бил понуден на аукција.

Откриен е во јануари 2014 година во рудникот Кулинан во Јужна Африка, а во сопственост е на компанијата Петра Дајмондс.

Резбањето на дијамантот, кој претходно тежел 29,62 карати, траело цели шест месеци. Каменот го добил името според англискиот израз „ once in a blue moon “ кој се однесува за доста редок настан.

„Blue Moon diamond“ би можел да го постави новиот рекорд како најскап дијамант во светот. Синиот „ Zoe diamond “ од 9,75 карати е продаден во 2014 во Њујорк за рекордни 32,64 милиони долари.

Апсолутен рекорден меѓу дијамантите е „ Graff Pink“, интензивно розев камен кој во 2010 во Женева се продаде за 46,15 милиони долари.