На повеќе локации низ Куманово ќе се плива по светиот крст

Сподели со своите пријатели

На повеќе локации во Куманово и Старо Нагоричане во недела православните верници ќе пливаат по светиот крст за празникот Водици.

Loading...

Централната манифестација ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Никола“.

Од 8 часот ќе се одржи литургија на која е пожелно да присуствуваат верниците, а два часа подоцна се очекува да биде осветена водата во црковниот базен и да се фрли крстот.

Заинтересираните верници кои сакаат да бидат дел од настанот не мора претходно да се пријавуваат.

Од 9 часот по крстот ќе се плива и во реката Кумановка во населбата Бедиње во рамките на кампањата „Празниците зближуваат“.

Со почеток во 9:30 часот по крстот ќе се плива и кај црквата „Свети Димитрија“ во село Тромеѓа кај комплексот Александрија.

Во 11 часот по крстот ќе се плива и во базенот на бар Асториа.

По светиот крст ќе пливаат и верниците во Општина Старо Нагоричане. Во 11 часот крстот ќе биде осветен во водите на реката Пчиња кај село Драгоманце. Организатори на манифестацијата се Општина Старо Нагоричане и црковниот одбор на селото.

Loading...

Никола Ивановски