На патот Свети Николе – Куманово спречен обид за транспорт на мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден,  околу 16.50 часот на регионалниот пат Овче Поле – Свети Николе пред влезот во Свети Николе, од страна на полициски службеници при контрола на патничко возило „шкода фелиција“, управувано од Б.С. (37) од Гостивар,  затекнати се четворица марокански државјани кои илегално оствариле влез во Р.Македонија.

Полициските службеници направиле обид да запрат и патничко возило „цитроен“ кое се движело после првото патничко возило, но тоа не застанало.

Возилото подоцна било пронајдено во близина на бензинска пумпа во Свети Николе, а возачот се дал во бегство.

По преземени мерки констатирано е дека сопственик на двете возила е Б.С., а возач на патничкото возило „цитроен“ бил Ј.Р. (38) од Гостивар.

Тие требало да ги пренесат странските државјани до Куманово за износ од по 20 евра по човек. Лицето Б.С. и странските државјани се приведени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Р.