На Месечината живеат 250 милиони луѓе, а на Земјата ги испраќаат по казна, тврди поранешен пилот на ЦИА

Сподели со своите пријатели

„Се што имате слушнато за Месечината е лага“, тврди поранешен пилот на ЦИА Џон Лир, познат во круговите на теоритачарите на заговори.

Тој тврди дека открил сокриени структури на Месечината и дека поседува неверојатни фотографии за кои вели дека јасно ги покажуваат вештачките структури и градби. Тврди дека веќе во овој момент на Месечината живеат 250 милиони луѓе.

НАЈЛУДА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР ДОСЕГА: НАСА нè лаже дека Земјата е кружна, еве зошто (ВИДЕО)

Loading...

Аматерските астрономи снимиле нешто што наликува на холограмска проекција на површината на Месечината. Дали таа е искористена за сокривање на структури? Кои би биле другите причини за холограмско проектирање и всушност расместување на кратерот?

Луѓето на Месечината отишле во текот на 40-те и 50-те години од минатиот век користејќи се со антигравитациското летало на Тесла.

– Не можам да докажам затоа што веќе би бил мртов, но тоа е логично, зошто инаку американската влада би давала милијарди долари?

Во неговата снимка можат да се видат фотографии направени од опсерваторијата Јеркс во 1946 година. Покажуваат голема експлозија северозападно од кратерот Ендимион.

– Како што знаеме, чадот, прашината или пареата не можат да се креваат во вакуумот. Но, на овие фотографии јасно се гледа како чадот се крева во голем облак кој се исправува од површината на Месечината и се шири кон врвот на нејзината атмосфера. Тоа би било можно ако по површината на Месечината нема вакуум и нема само шестина од гравитацијата на Земјата, тврди Лир и додава дека масата на Месечината изнесува 68,71 отсто од онаа на Земјата.

Што навистина би се случило доколку Земјата беше рамна плоча? (ВИДЕО)

Лир објаснува дека Месечината е создадена во Јупитер пред 40 милиони години, а во време на последното ледено доба, пред околу 15.000 години, со електроматнегно тегнење е довлечена во орбитата на Земјата. Сетоа тоа објаснува од каде на Месечината толку огромни градови, цивилизации и бази.

– Жителите на Месечината се вонземјани кои донекаде наликуваат на луѓето. Таму има и „сиви“, но тие живеат под површината на Месечината и работат во огромни лаборатории. Меѓутоа, приказната и натаму продолжува. Земјата за нив е казна, т.е. затвор, а таквите планети затвори ги има најмалку милијарда, рекол тој.

Лир е внук на основачот на „Лирџет“, Бил Лир. Пензиониран е воздушен каптен и поранешен пилот на ЦИА кој управувал со 100 различни авиони за време на 40 години летање.

Тој има повеќе пилотски сертификати од било кој друг сертификуван пилот. Летал по Азија, Африка, Источна Европа и на Блискиот исток.

Leave a Reply