На Марс откриени три подземни езера со солена вода

Сподели со своите пријатели

Во близина на јужниот пол на Марс, благодарение на радарскиот инструмент на вселенско летало на Европската вселенска агенција, откриени се уште три подземни езера со течна вода.

Loading...

Во исто време, беше потврдено постоењето на четврто, поголемо езеро, во чија близина се наоѓаат сите три новооткриени езера.

Според Би-Би-Си, течната вода е важна за можноста за потекло и одржување на животот, но се смета дека водата во овие езера е исклучително солена, што потенцијално им отежнува на микробите да преживеат во нив.

Поради ретката атмосфера, течната вода на површината на Марс е скоро невозможна појава, но сè уште е таму под земјата на „црвената планета“.

Leave a Reply