31.05.2019 11:09

На Марс и Месечината нема место за неискусни


Само космонаути со искуство во вселенски летови треба да одат на далечни мисии на Мресечината и Марс, рекла шефицата на Лабораторијата за превенција на хипогравитациски пореметувања на ИНститутот за биомедицински проблеми при Руската академија на науките, Јелена Фомина.

Причината за таквата одлука е што искусните космонаути побргу се адаптираат на нулта гравитација и потоа гравитацијата на Земјата, објаснила Фомина во изјава за „Тасс“.

loading...

Водата од Марс би можела да ја потопи целата планета

Минатата година лабораторијата извршила експеримент за да ги спореди брзините на адаптација на нултата гравитација и потоа адаптацијата на земјината.

Во текот на експериментот издвоени се две групи космонаути, оние кои го направиле својот прв вселенски лет и оние кои заминале на повторена вселенска мисија, навела Фомина.

Забележан „марсотрес“ – Првиот потрес надвор од Земјата

– Кога ги споредивме податоците на овие две групи, дојдовме до следниот заклучок: препорачуваме космонатите со искуство во вселенски летови да бидат избрани за меѓупланетарните мисии, нагласила таа.

Според неа, тоа не е само затоа што имаат повеќе искуство туку и затоа што побрзо можат да се прилаготат на нулта гравитација и потоа повторно на условите на Земјата.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments