На кумановските улици фрлени 30 тони сол

Сподели со своите пријатели

Околу 30-ина тони сол во текот на вчерашниот ден биле фрлени по кумановските улици, според Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

Улиците од првата и втората зона се исчистени и тоа вчера во 3:45 часот полноќ, додека нема завеани села, поради малото количество на паднат снег.

Вчеранавечер околу 20 часот машините за чистење на патиштата повторно излегле на терен каде биле фрлени додатни количини на сол, но подари температурата која била под -5 степени целзиусови истиот слабо делувал.

Инаку според законот дуќанџиите се задолжени да го расчистуваат тротоарот пред својот влез, а екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ се на терен и ги чистат јавните површини, вклучувајќи го и градскиот плоштад.

Завеани села нема ниту на територијата на Општина Старо Нагоричане.