На Јутуб му се заканува казна од 200 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Јутуб ќе мора да плати спогодба од 150 до 200 милиони американски долари за обвиненија дека ги крши правата за приватност на децата затоа што ги собрал нивните податоци за подобро насочување на маркетинг кампањите, пренесоа американските медиуми.

Loading...

Ако решението во спорот што го донесе Федералната комисија за трговија на САД против сопственикот на „Јутјуб“, „Гугл“, биде одобрено од Министерството за правда, тоа ќе биде најголемото досега во случајот за приватност на децата.

Против Јутуб е поднесена жалба од група активисти за приватност, во кои се тврди дека платформата за видео материјали ги крши законите за заштита на приватноста на децата со собирање информации за нивните корисници на возраст под 13 години, без да добие дозвола од нивните родители, пренесува SEEbiz.

Официјалното објавување на спогодбата треба да следи овој месец и ќе кулминира со напорите на американските регулатори да докажат дека Гугл недоволно ги штити децата од штетни содржини и прибирање на податоци преку платформата „Јутуб“.

Групите кои го пријавиле Гугл објавија дека износот е неприфатливо мал, со оглед на големината и приходот на таа компанија.

Leave a Reply