На изборното ливче или Груевски, или никој! Телма нема да ја следи кампањата!

Сподели со своите пријатели

Ако на 5-ти јуни одите на избори на ливчето ќе можете да го заокружите Никола Груевски или истото да го пречкртате, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која ќе учествува на изборите кои ДИК по секоја цена сака да ги спроведе.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека избори нема да има затоа што не се исполнети условите, а за таквата одлука согласни се и останатите две албански партии потписнички на Пржинскиот договор. Од друга страна пак Никола Груевски во интервју за „Гранц Прес“ вчера изјави дека избори ќе има и дека тие се подготвени.

Телевизија Телма пред малку излезе со став дека нема да ја следи  изборната кампања на единствената кандидатска листа. ВО нивото соопштение меѓу другото стои.

Имајќи ја предвид уникатноста на амбиентот во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за 5 јуни, на кои учествува само една кандидатска листа, Телевизија Телма согласно одредбите на Изборниот законик, одлучи дека нема да ја следи изборната кампања која официјално почна денеска.

Ваквата одлука ја темелиме на нашите цврсти определби дека нашата мисија е низ разните форми на информативна програма  да озвозможиме широк спектар на различни гледишта и ставови, нивно соочување и спротивставување, со што нашите гледачи и јавноста би имале соодветни точни, непристрасни информации врз основа на кои би можеле да ги креираат нивните ставови и одлуки.

Бидејќи со учество на само една кандидатска листа на вонредните избори, не е осигурано  едно од основните уставни начела на компетитивност на изборите, Телевизијата одлучи дека во вестите и во посебните форми на информативна програма- дебатни емисии и интервјуа, нема да емитува содржини од и поврзани со кампањата на единствениот носител на листата.

Телевизија Телма остануа доследна на своите принципи за професионано известување за сите останати случувања и за сите политички субјекти – принципи кои се потврдени и со последните извештаи од мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовозиелни медиумски услуги и на ОБСЕ – ОДИХР.