На Хаваи ерупција на вулканот Килауеа

Сподели со своите пријатели

Вулканот Килауеа на Големиот остров на хавајскиот архипелаг еруптираше рано утринава, соопшти американската сеизмолошка служба.

Loading...

Ерупцијата започна утринава во 04:44 часот по локално време, се наведува во соопштението што го пренесе Ројтерс.

Килауеа е еден од петте вулкани на Хавајските острови, а неговото име на хавајски значи „да фрли многу“.

Овој вулкан е исто така еден од најактивните и најтуристичките вулкани на Земјата и е дел од областа на Националниот парк Хавајски вулкани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?