На Грција ѝ недостасуваат 80.000 сезонски работници

Сподели со своите пријатели

Грција, медитеранска земја која се натпреварува со Хрватска, Црна Гора и другите летни дестинации за привлекување туристи, бележи силно враќање на посетители по пандемијата на коронавирус, но нема голем број сезонски работници.

Loading...

Делфи е мал град познат по античките урнатини на храмот на Аполон, каде што пророчицата Питија ја претскажала иднината.

Јанис Папатанасиу, 48-годишниот сопственик на хотелот „Иниохос“, сега предвидува успешна сезона таму.

– Гледаме луѓе од Европа кои сакаат да патуваат по пандемијата, а сега чекаме и враќање на туристите од Азија – вели Папатанасиу за Хина.

На улицата пред хотелот, со кој неговото семејство управува веќе четврта генерација, поминува група италијански матуранти.

Тие бараат сувенири во малите продавници и се восхитуваат на зелените сончеви падини.

Делфи, сместен во подножјето на ридот, има 3.000 жители и 900 соби за туристи, пишува Пословни дневник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Папатанасиу е задоволен бидејќи сите 23 соби во неговиот објект се полни, пред се благодарение на меѓународниот бизнис форум што се одржува во тој мал град на 180 километри од Атина.

Loading...

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот на главниот град на Грција долго го чекаат својот багаж, бидејќи нема доволно работници за да го забрзаат процесот на издавање куфери.

– Туристичките работници ја напуштија оваа професија за време на пандемијата и карантинот – вели Стаматис Хачилазару, директор за продажба на ланецот хотели H Hotels Collection, додавајќи дека работниците бараат побезбедни работни места, основна обука и добра плата.

Едно лице на аеродромот, кое побара да остане анонимно, предупредува дека на Грција ѝ се заканува метеж во текот на летото, бидејќи дури и работниците од Азија, кои обично се согласуваат на помали плати, не сакаат да го растовараат багажот за малку пари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

– Им велат дека ќе работат шест часа, а тие работат десет. Некогаш за сума од 600 евра, па сега одат на работа во Шпанија и други европски земји – изјави лицето кое ги пречекува гостите на аеродромскиот излез.

Од Синдикатот на туристичките работници СЕТЕ не одговорија дали оваа информација е точна, ниту под какви услови работат вработените во туризмот.

Од синдикатот ПОЕЕТ за весникот „Нафтемборики“ велат дека работниците во грчките хотели работат 30 дена месечно, 14 часа дневно, за 900 евра нето плата, па затоа многумина одат во земји со подобри плати.

Грција, како и Хрватска, се соочува со недостиг од вработени во туризмот.

На земјата со 10,6 милиони жители и недостигаат околу 80.000 работници, па затоа се надева на договори со Египет, Сирија, Бангладеш и Пакистан за привлекување луѓе таму, објави минатиот месец порталот Грчки Репортер.

Loading...

Хачилазару од „H Hotels Collection“ забележува дека е важно да се подобрат работните услови за сезонските работници, да се обезбеди обука на вработените и да се продолжи нивната сезона надвор од летото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Но, прашање е дали Грција има време, бидејќи ордите туристи започнаа веќе во април.

– Во Атина пристигнале 50 отсто повеќе гости отколку во истиот период лани. Повеќето од нив се млади луѓе кои повторно почнаа да патуваат по пандемијата – вели претседателот на управата на аеродромот во Атина, Јанис Параскис.

Сопствениците на сместувачките капацитети тврдат дека во Грција се зголемува квалитетот на услугите, односно искуствата што гостите ги доживуваат во градските ресторани за време на вечерата или при посета на продавници и музеи.

Поради ова, како и моменталната инфлација, како и желбата да се надомести загубениот приход за време на пандемијата, одморот во Грција би можел да биде поскап од претходните години.