На Флорида се повеќе болни од бактерија што јаде месо

Сподели со своите пријатели

Во округот во Флорида, кој минатиот месец беше опустошен од ураганот Иан, има зголемување на бројот на заболени и смртни случаи поради бактеријата која „јаде“ месо.

Loading...

Официјални лица велат дека округот Ли, каде што бурата од 4-та категорија дошла на копно на 28 септември, пријавила 29 случаи и четири смртни случаи од бактеријата.

Сите случаи освен два биле дијагностицирани по ураганот, пишува Би-Би-Си.

Инфекциите со Vibrio vulnificus може да бидат предизвикани откако бактеријата ќе влезе во телото преку отворени рани.

Бактеријата живее во топла вода, како што се стагнантните води од поплави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

„Одделот за здравство на Флорида во округот Ли забележува абнормално зголемување на случаите на инфекција со Vibrio vulnificus како резултат на изложеност на поплави и стоечка вода по ураганот Иан“, изјави во понеделникот портпаролот на окружниот оддел за здравство.

Жителите се повикуваат „секогаш да бидат свесни за потенцијалните ризици поврзани со изложување на отворени рани, исеченици или гребнатини на кожата во топла, солена или свежа вода“.

„Ислевањето на отпадни води, како оние предизвикани од ураганот Иан, може да го зголемат нивото на бактерии“, се вели во соопштението.

Loading...

„Како што се развива ситуацијата по невремето, поединците треба да преземат мерки на претпазливост против инфекции и болести предизвикани од Vibrio vulnificus.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Округот Колиер, јужно од округот Ли, исто така има три потврдени случаи.

Низ Флорида оваа година има рекордни 11 потврдени смртни случаи кои се припишуваат на бактеријата, за вкупно 65 случаи, според државната здравствена евиденција.

Официјални лица проценуваат дека речиси половина се поврзани со ураганот Иан.

Во 2021 година, на Флорида имало 10 смртни случаи и 34 случаи. Седум смртни случаи се припишуваат на бактеријата во 2020 година.

Бактеријата Vibrio vulnificus е позната како „јадач на месо“ бидејќи може да се развие во некротизирачки фасциитис, состојба која предизвикува распаѓање на ткивото.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, околу еден од пет пациенти со Vibrio vulnificus умира, понекогаш само во рок од еден или два дена откако ќе се разболат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Бактериите можат да предизвикаат сепса доколку навлезат во крвотокот, а понекогаш може да доведат и до ампутации за да се спречи нејзиното ширење на други делови од телото на пациентот.

Loading...