На Фарските острови досега убиени над 1.000 делфини (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Ужасни снимки од Фарските острови прикажуваат како водата станува црвена додека риболовците ги убиваат делфините. Фотографиите ги направила активистичката група „Sea shepherd“ и ја покажуваат повеќевековната традиција позната како „grindadrap“.

Животните се убивааат откако се намамени во плитката вода. Фотографиите од селото Хвалвик покажуваат животни со големи рани кои се направени од страна на мештаните. Активистите редовно ги следат сите акции на населението и наведуваат дека ова е 11 пат оваа година да се случуваат буиствата. Тие ги повикале Фарските острови, протекторатот Данска, како и данската влада, да стават крај на убиствата на животните.

 

Loading...

 

Овој ритуал датира од 16. век. На овој начин, во текот на годината страдаат илјадници делфини. ПЕТА, групата за правата на животните наведува дека металните куки влегуваат во отворите со помош на кои животните дишат пред да им се пресече кичмата.

На тој начин животните полека крварат до смрт. Цели семејства така убиваат, а некои животни со часови пливаат во таа крв.

Владата на Фарските острови наведува дека овој ритуал на населението му пружа драгоцени приходи. Владата додава дека е право на населението како ќе ги користат своите природни ресурси, а дека ловот е регулиран и дека никогаш не се убива произволен број на животни.

Leave a Reply