На факултет им ставиле кутии на главите за да не препишуваат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден факултет во Индија е под силни критики, откако им наредиле на студентите да ставаат картонски кутии на главата, за да не можат да препишуваат едни со други.

Loading...

Случајот се случил на колеџот Багат Пре, а факултетската администрација започна да се извинува од сите страни кога сфати дека овој бизарен процес се рашири низ социјалните мрежи и стана вирален.

Кутиите напред имаа мал отвор, за да можат студентите да видат што е пред нив.

Деканот на Факултетот М.Б. Сатиш исто така се извини за овој „необичен“ метод и објасни дека слушнал за тоа од други факултети, па решил да експериментира.

Покрај тоа, тврди тој, тие не направиле ништо без согласност на студентите.

– Немаше принуда. На фотографиите може да се види дека некои студенти дури не носеа картонски кутии. Исто така, некои од оние што ги носеа ги симнаа по 15 минути. Исто така, ние побаравме од нив да ги тргнеме од главите по еден час“, додава тој.

Leave a Reply