На брегот на Јапонија се насукуваат мистериозни бродови со тела, а причините се застрашувачки

Сподели со своите пријатели

Мало јапонско рибарско село го вознемируваат напуштени бродови, некогаш и со безживотни тела. Но, причината поради која тоа се случува е повеќе застрашувачка, отколку самото нивно откривање.

Loading...

Бродовите со духови биле главна легенда со векови ширум светот и празните остатоци, кои се насукуваат во Јапонија. Страшното цунами во Јапонија во 2011 година испрати мноштво празни бродови на отворено море и некои од нив се нашле на неадекватни места.

Бродот „Рју-Ун Мару“ минал година дена препуштен на водена струја, кога бил пронајден покрај брегот на Аљаска во 2012 година. Немало живи души на него. Во 2015 година сеслучило нешто чудно што ги збунило жителите на јапонското рибарско село.

Мештаните на оваа место навикнале да живеат со духови. Во него има најголема стапка на самоубиства секоја година. Некогаш телата почнуваат да пристигнуваат во селото, како што е случајот во Монзен, во кое жителите веќе се навикнати на овој феномен.

Во ноември 2015 година, членови на локалната крајбрежна стража во Монзен примиле повик во врска со чамец. На него немало екипаж. Тоа само по себе ни би го привлекло вниманието на стражата, доколку утредента не се појавиле уште два такви бродови.

Кога влегле под палубата, откриле дека екипажот никогаш не го напуштил бродот. Нашле три безживотни тела, кои се распаднале до непрепознатливост.

Вкупно десет безживотни тела биле пронајдени на тие бродови во Монзен. Ниту едно немало документи, ниту пак се знае причината за смртта.

Иако телата не нуделе средства за откривање на нивното потекло, други предмети на бродовите биле од голема помош. Ковчезите и опремате биле испишани со корејско писмо,  и кутии со цигари. Но, големината и изгледот на бродот не биле типични за Јужна Кореја. Знакот „Корејска народна армија“ и портрет од диктаторот Ким Џонг Ил докажуваат дека се работи за Северна Кореја.

Loading...

Некои теории тврдат дека јапонскиот брод на духови припаѓал на дезертери од Северна Кореја, кои се обидувале да избегаат од комунистичкиот режим.

Многу луѓе, кои се обидуваат да избегаат од Северна Кореја, одат во Кина или Јужна Кореја. Друга теорија е претпоставка дека со бродовите воопшто не управувале цивили, туку војници.

Иако делува бизарно војници на Северна Кореја да ловат риба и дека тоа е причина да испловат, локалните медиуми во Јапонија тврдат дека рибарството е витална индустрија во земјата, каде многумина немаат што да јадат.

Во текот на последните неколку години, моменталниот диктатор Ким Џонг Ун ја притиска војската да лови повеќе риба.

Комбинацијата на искусни војници и примитивната состојба на бродот направила проблем од стартот. Јасно е дека оделе преку границите на сите свои можности. Попрво би умреле одглад, отколку да се вратат со неизвршена задача дома, претпоставуваат локалците. Тоа веројатно е причината поради која вакви бродови се појавуваат на брегот на Јапонија.

Во 2013 годинајапонската крајбрежна стража забележала 80 вакви бродови, во 2017 вкупно 44, нозатоа во ноември нивниот број повторно пораснал на осумдесет.

https://www.instagram.com/p/Bqev1NGFBuC/

Leave a Reply