На барање на модни агенции ослабнале на 36 килограми, лекарите се борат за нивните животи

Сподели со своите пријатели

Русктие лекари се борат за животот на анорексичните билзначки Маша и Даша Лебедеви кои имаат 14 години, откако двете по барање на модна агенција ослабнале на 36 и 40 килограмии завршиле во тридневна кома.

Loading...

Девојчињата итно биле префрлени на интензивна нега во болница во Москва кога станале „живи костури“ на кои никој во родниот Липецк не сакал да им помогне. Тие лежеле во куќата и практично чекале да умрат, а дури и лекарите одбивале да интервенираат додека паника во јавноста не кренала активистка за помош на лица со пореметена исхрана Марија Кохно, пошува Дејли мејл.

https://www.instagram.com/p/Bmbi9t2HZMK/?utm_source=ig_embed

– Никој не сакаше да им помогне на девојчињата. Мајката одеше од врата до врата, но болниците постојано ги одбиваа. Се обратила и на водителката Елена Малишева, како и Прехрамбениот институт во Москва, но никој не сакал да се занимава со „живи лешеви“, рекла активистката која на крајот единствена ги слушнала очајничките молби на мајката.

Кохно, инаку и самата е поранешна манекенка, открила дека од ангецијата бара на девојчињата да им се гледаат јагодичните коски за да добијат повеќе можности за фотографирање. Поради тоа првин ослабнале околу пет килограми (имале околу 50кг), јаделе исклучително храна подготвена на пареа и тоа не по 17 часот.

https://www.instagram.com/p/Bqw74RPADm4/?utm_source=ig_embed

Мајката земалас лободни денови и практично ги бркала со храна низ домот, но залудно. Сега на лекарите е да ги извлечат од работ на смртта, кога срцето може да им застане во секој момент.

Маша може да стане, но Даша само лежи и нема сила да ја крене ниту главата, раскажува Кохно.

https://www.instagram.com/p/Bmg0uSsHsPr/?utm_source=ig_embed

Во едно интервју Даша признала дека се плаши дека ќе се здебели. Кога ги прашале  дали им е страв дека ќе умрат, ослбнатите девојчиња само ја спуштиле главата и гледале во подот без глас, затоа што смртта не е она од што се плашат, туку дебелењето.

Leave a Reply