На Авганистан му се заканува хуманитарна криза

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Авганистан се влоши и оди кон хуманитарна катастрофа, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Loading...

„Хуманитарната ситуација во Авганистан забрзано се влошува, а за жал, земјата ита во хуманитарна катастрофа“, рече Кабулов, пренесуваат агенциите.

Тој ги обвини западните земји за блокирање на државните фондови на Авганистан.

„Така, Светска банка деблокираше 500 милиони долари од авганистанските резерви, но пред неколку месеци ги исклучи локалните банки од платниот систем SWIFT, оневозможувајќи им ја можноста за склучување меѓусебни зделки“, нагласи рускиот дипломат.