На аукција прашина од Месечината која ја донел Нил Амстронг

Сподели со своите пријатели

Прашината која првиот човек на Месечината, Нил Амстронг ја донел од земјиниот сателит изложена е во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк и се очекува тој симбол од славние денови на американската вселенска програма да достигне цена од два до четири милиони долари.

Тоа е една од 180те работи поврзани со патувањето во вселената кои аукциската куќа ќе ги понуди на 20 јули во чест на 48-годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година.

Прашината е првиот примерок од Месечината во историјата.

На укција ќе биде понудена и фотографија од вториот човек на Месечината, Едевин Олдрин, која ја направил Амстронг, а проценета е на вредност помеѓу 3.000 и 5.000 долари.

Нивниот план за лет за враќање на Земја, вреди од 25.000 до 35.000 долари, а фотографија од астронаутот Џини Кернан од мисијата „Аполо 17“ во лунарен модул од 2.000 до 3.000 долари.

Првиот човек во вселената, советскиот космонаут Јуриј Гагарин, во 1961 година ја опишал Земјата како величенствена слика и напишал дека: „Земјата има единствен и прекрасен син ореол, од кој јасно се гледа хоризонтот и лесно се преминува од бледо-сина во сина, темно-сина, виолетова и целосно црна боја“, Тој извештај преведен на англиски јазик ќе чини од 50.000 до 80.000 долари.

Гагарин починал во авионска несреќа во 1968 година, а Амстронг почина во 2012 година.