На 30-годишниот Бојан Илиевски од сабота му се губи секаква трага!

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишниот Бојан Илиевски од Куманово од сабота навечер се води за исчезнато лице и му се губи секаква трага.

Последен пат бил во друштво на негов пријател кој со автомобил го донел Бојан на патот за месноста „Бејтови ниви“ каде го оставил да си оди дома. Тоа е местото каде на Илиевски му се губи трагата.

13550918_1028687080512745_1155968533_n

Loading...

Целата вечер ја поминал заедно со свој другар, излегувале и Бојан требало од месноста „Бејтови ниви“ да се врати дома пеш, но тоа не се случило.

Патот по кој оди сега исчезнатиот Бојан е неосветлен и неговите најблиски се плашат декаму се случило најлошото. Случајот веднаш го пријавиле во полиција, а денес и МВР излезе со информација дека неговиот брат ја поднел пријавата на 26ти во 21 часот.

Се апелира до сите луѓе кои имаат било каква информација за Бојан Илиевски да се јават на телефонскиот број 078 844 268 или на бројот 192. Бојан бил облечен во розова кошула и сини фармерки. Бил мирно момче, а работел во кумановска фабрика за чевли.

Неговите пријатели, семејство, но и полицијата активно трагаат по него.